Поранешниот потпретседател на САД од администрацијата на Барак Обама упати неколку остри коментари на сметка на актуелниот претседател Доналд Трамп кој му одговори преку Twitter.
Бајден претходно истакна дека не би дебатирал со човек кој станал „лидер на нацијата“ кажувајќи дека „може да ја фати секоја жена кај сака и дека на секоја тоа би ѝ се допаднало“.
„Да бевме средношколци ќе го однесев зад салата за физичко и ќе го истепав. Сум бил во многу соблекувални во животов, страшно добар спортист сум. Оние кои зборуваа како што зборува Трамп обично беа најдебелите и најгрдите копилиња во просторијата“, рече Бајден.
На ова следеше жестока реакција од екцентричниот милијардер во Белата куќа.
„Лудиот Џо Бајден се обидува да се однесува како опасен тип. Тој вушност е слаб и ментално и физички, а сепак ми се заканува со физички напад, по втор пат. Тој не ме познава, би паднал брзо и страшно, со плачење. Џо, не се заканувај!“, напиша Трамп на Twitter.