Јусеин Болт утре ќе тренира со фудбалерите на Борусија Дортмунд

Славниот атлетичар од Јамајка, најбрзиот човек на светот, Јусеин Болт, утре ќе тренира со играчите на германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд, а настанот го најави како проба во обидот да започне фудбалска кариера.

 

Неприкосновениот спринтер и светски рекордер на 100 и 200 метри, Болт, на својот Twitter профил објави порака до играчите и навивачите на Дортмунд, потврдувајќи дека ќе присуствува на утрешниот тренинг.

„Борусија Дортмунд, бидете подготвени во петок“, порача Болт и додаде дека не се шегувал кога зборуваше за своите фудбалски аспирации.

Управата на Борусија Дортмунд исто така потврди дека 31-годишниот Болт утре ќе тренира со тимот и дека тренингот ќе биде отворен за јавност.

Големиот навивач на Манчестер Јунајтед Болт, ја заврши атлетската кариера после минатогодишното Светско првенство, а порано најави дека ќе тренира со Борусија, за да слушне мислење околу својот фудбалски талент.

„Знам дека нема да се засрамам, ако ми кажат дека сум добар и ми треба малку тренинг, ќе продолжам“, изјави осумкратниот олимписки и единаесеткратниот светски атлетски првак Јусен Болт.

Треба да знаете
Последни објави