Паско Кузман доби кривична пријава од финансиската полиција за злоупотреби при возобновувањето на Светиклиментовиот универзитет

Поранешниот директор на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, доби кривична пријава од Управата за финансиската полиција, заедно со уште едно лице од Хрватска Ш. Ц.

Тие се осомничени за злоупотреба на служебната положба и овластување при постапката за возобновувањето на Светиклиментовиот универзитет. За тоа финансиската полиција до Основото јавно обвинителство поднесе кривична пријава.

Според информациите од Управата, Кузман, во текот на 2010 година по претходно спроведена постапка за јавна набавка, склучил договор за изведба на градежни и градежно-занаетчиски работи за возобновување на Светилкиментовиот универзитет на Плаошник во Охрид, со изведувачот, „Конструктор Инженеринг АД Сплит“ со подржуница во Македонија, за што била обезбедена гаранција за понудата, но не и банкарска гаранција за квалитетно извршување на работите.

Осомничениот Ш. Ц. од Хрватска, со цел да се стекне со противправна имотна корист, доставил градежна книга со невистинита содржина, во која лажно прикажал дека на објектот биле набавени материјали и извршени градежни работи во вредност од над 19 милиони денари. Паско Кузман, тоа го дозволил, при што иако не бил избран надзорен орган и одобрение за градба, дозволил да бидат исплатени 19 милиони денари. Кузман, иако бил должен, не го раскинал договорот и не ја раскинал банкарската гаранција, за чиј износ е оштетен буџетот на Управата за заштита на културното наследство.

Треба да знаете
Последни објави