Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека неговата земја, како и досега, не гледа факти што ја потврдуваат вината на Москва во случајот со труењето на поранешниот руски двоен агент, Сергеј Скрипал во Велика Британија.
„Русија, како и досега, не гледа факти за вината на Москва во врска со случајот со Скрипал“, истакна Лавров.
Тој додаде дека Лондон прави се што е можно за да ги доведе односите со Русија во ќор-сокак.