Енергетски компании во Македонија и Грција развиваат планови за изградба на гасовод кој ќе ги поврзува двете соседни држави.
Но тоа не е единствената цел, тие планираат овој гасовод да овозможи транспорт на гас и до другите земји, со што ќе се поттикне развојот на инфраструктурата на Западен Балкан.
Реализацијата на овој проект е од посебно значење за Македонија, бидеќи на тој начин се создаваат погодни услови за приклучување на системот за гасовод. Овој гасовод е, проект на САД, чија изградба започна пред две години, а кој предвидува транспорт на природен гас од Каспискиот регион и блискиот Исток во Западна Европа.
Македонија и Грција би изградиле по 60 километри гасовод, со капацитет од две до три милијарди кубни метри. Македонија со овој проект цели кон развој на нови коридори на гас во Југоисточна Европа.
За реализацијата на овој проект да може да започне уште оваа година, двете земји прават напори веќе и го превземаа првиот чекор, така што аплицираа заедно за добивање на парични сретства од меѓународните институции.
Кога станува збор за снабдувањето со природен гас, експертите се скептични по тоа прашање и не се сигурни дали ќе може да се овозможи доволно гас.