После нападот со нервен агенс, металните капацитети на рускиот двоен агент Сергеј Скрипали неговата ќерка Јулија би можеле да бидат загрозени.
Ова во текот на вчерашниот ден го потврди британскиот судија Дејвид Вилијамс кој додаде дека се уште не е познато дали тие ќе успеат целосно да се опорават.
„Точниот ефект на изложеноста на агенсот на нивното долгорочно здравје останува непознат, иако медицинските тестови укажуваат дека менталните капацитети би можеле да бидат загрозени во засега неизвесен степен“, изјави Вилијамс, пренесуваат британските медиуми.
Тој им дал дозвола на адвокатите за анализа на крвта на Скрипал и неговата ќерка за инспекторите за хемиско оружје да ги изведат тестовите.
Неименуван консултант кој што го лекувал Скрипал открил дека тој и неговата ќерка не е во состојба да комуницираат и дека не е возможно да се процени кога или во која мерка ќе ги вратат менталните капацитети. Тој, меѓу другото изјавил дека нивното физичко здравје било стабилно.
Исто така, во меѓувреме, полицаецот Ник Бејли кој што бил меѓу првите кои што реагирале после труењето на Скрипал во Солсбери, бил пуштен на домашно лекување во текот на вчерашниот ден, после двонеделното лекување.
„Луѓето ме прашуваат како се чувствувам – но, јас навистина немам зборови за да објаснам како се чувствувам сега“, изјавил тој во соопштението, додавајќи дека „надреално“ можеби е вистинскиот збор.