Услугата „Закажи средба” од 1 мај 2018 година ќе биде задолжителна за сите даночни обврзници кои ќе ги користат даночните услуги во Регионалната дирекција Скопје.
УЈП соопшти дека услугата „Закажи средба“ овозможува секој даночен обврзник да закаже термин за остварување средба со даночен агент во УЈП – Регионалната дирекција Скопје, во време кое нему му одговара, а со цел консултација за специфични прашања што се однесуваат на: oпшти информации (рокови, начини за пријавување и плаќање даноци и др.); oтворање бизнис и регистрација на даночен обврзник; консултации за издадени даночни документи; утврдување даноци; постапки за наплата на долгови; правни прашања.
Услугата „Закажи средба“ може да се користи он-лајн или преку Инфо-центарот на УЈП. Средбите ќе се закажуваат телефонски во Инфо-центарот (0800 33 000 или 02/3253 200) или он-лајн преку веб-страницата на Контакт-центарот kontaktcentar.ujp.gov.mk, која овозможува пристап до услугата „Закажи средба“.