Лабораторија на Фармацевтски факултет била ограбена, информираше МВР.
Според полицијата, кражбата се случила вечерта меѓу вторникот и средата.
Крадецот со тврд предмет скршил прозорец на лабораторијата од факултетот при Универзитет „Св.Кирил и Методиј“- Скопје. Откако влегол во просторијата провалникот зел две лабораториски дигитални ваги, два ЛЦД монитора и компјутер, по што избегал.
На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 300.000 денари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.