Тевдовски:Најголем годишен раст на платите од 2010, првпат просечната нето плата надмина 24.025 денари
Просечната нето плата во Македонија ја проби границата од 24 илјади денари во јануари годинава и споредено со јануари лани платите се зголемени во просек за 1256 денари што е 5,6% објави министерот за финансии Тевдовски врз основа на податоците на заводот за статистика.
Ова зголемување на платите според министерот се должи на растот на платите на работниците од индустријата за кожа, облека и текстил.
Пораст има и во однос на минималната плата каде овие три индустрии каде вообичаено се и најниски платите имаат зголемување за една година од 9 илјади на 12 илјади денари а кај другите индустрии порастот е поблаг односно од 10 илјади на 12 илјади денари минимална плата.
Во однос на обвинувањата на опозицијата дека нема пораст на платите туку дека само е сменета методологијата на пресметка тој појасни дека токму со новата методологија статистика е поблиску до европските стандарди и сега се пресметува просекот врз основ на реално исплатени плати преку управат за јавни приходи, а има и зголемување на прибрано персонален данок на доход само од плати за 4,7%.



