Врховен треба да ја соопшти одлуката за притворените од 27 април
Врховниот суд на Република Македонија се очекува денеска да донесе одлука во однос на притворите на пратениците и другите осомничени за настаните во собранието кои се случија на 27 април минатата година, откако рокот од 48 часа за донесување на решението по однос на жалбите на притворените истече во четвртокот.
Претседателот на Врховен вели со постапката не се доцни, иако роковите се пробиени.
Адвокатите на осомничените кои испратија повеќе од 15 жалби велат дека судот неосновано го гази законскиот рок и ја одолговлекува целата процедура.
Апелираат до врховните судии да се донесе одлука што побрзо, бидејќи како што велат, тоа е клучно за процесот да се придвижи кон побрз епилог.
Одлуката на Врховен ја чекаат и оние што се во Шутка, но и осомничените во куќен притвор.