Заев ми побара 3 евра од квадрат за легализација, по едно за него, за црквата и за СДСМ

Заев ми побара 3 евра од квадрат за легализација, по едно за него, за црквата и за СДСМ

Бизнисменот Иван Сачавалиев, од кого според обвинението премиерот Зоран Заев од функција на струмички градоначалник барал поткуп за легализација на  градежно земјиште, предмет за кој има и снимка која протече во јавноста, на денешното рочиште на предметот пред судот за организиран  криминал кажа дека Заев му барал рекет од 3 евра за метар квадратен легализирано земјиште, по едно за него, за црквата и за партијата.
 
-Беше Митровден кога ми се јави и ме праша дали може да одам за 15 минути во неговиот кабинет. Јас бев со гости, ама отидов. Ме чекаше и ми рече дека може да го откупам земјиштето за 70 денари од квадрат и тоа важеше до Нова Година. Ми постави услов да дадам плус по 3 евра од квадрат. Ми рече едно е за него, едно за изградба на црквата и едно за партијата. Му кажав дека тоа се многу пари, 300.000 евра зошто земјиштето беше 100.000 квадратни метри. На бирото имаше куп документи и ми рече и овие завршија така. Бев збунет и му реков дека треба да размислам,  кажа Сачавалиев на денешното рочиште.
 
Кога истиот побарал сметка на која да ги уплати парите наменети за црквата, Заев му рекол истите да ги однесе кај брат му Вице.
 
Со изјавата на сведокот се отвара уште еден сомнеж, ќе отвори ли Јавното обвинителство постапка по допрен глас за начинот на кој Заев легализирал земјиште, што по изјавата на  самиот сведок може да се заклучи дека не е само тој на кого му бил побаран и земен поткуп, по принципот плати, па легализирај, туку бројот на бизнисмените можеби е поголем?
 
По отворањето на оваа прашање, јавноста очекува од Јавното обвинителство истрага по однос на сите факти во случајот.

 

Треба да знаете
Последни објави