Автомобил излета од патот Охрид-Кичево

Скопје, 25 март 2018 . Вчера во 05:30 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, патничко возило Suzuki Swift со охридски регистарски ознаки, управувано од Ш.Р. (31) од Охрид, излетало од патот и се превртело.

Притоа, како што информираат од МВР, сопатникот во возилото А.Б. (67) од Охрид се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен и задржан на лекување во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

Треба да знаете
Последни објави