Чавков, Мукоски и Василевски изглегуваат од Шутка
Ексминистерот Митко Чавков и пратениците Сашо Василсвски и Крсто Мукоски излегуваат од Шутка. Во домашен притвор одат и Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски, Оливер Поповски и Мумир Пепиќ.
Ваква одлука донесе Врховниот суд, по жалбите поднесени од страна на осомничените.
Од домашен притвор излегуваат Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски Игор Дурловски и Елена Божиновска – Доцевска. Тие имаат обврска еднаш неделно да се јават во суд.
Врховните судии го потврдија притворот за Горанчо Ангеловски од велешкото здружение Ќосето, Захариес Симовски, Илија Славевски, Влатко Трајковски и Велија Михајловски.
Во куќен притвор пак, остануваат Стефан и Михаил Младеновски и Сашо Марковски.
Врховниот суд ги донесе одлуките откако адвокатите обвинија дека сите законски рокови се пробиени и дека судот неосновано ја одовлекува постапката. Дел од нив денеска, дополнително го прозваа и јавното обвинителство дека истекува и рокот за поднесување обвинение. Обвинителството пак, објави дека истрагата е завршена. Осомничените се теретат терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.