Родниот град на влијателниот филозоф Карл Маркс, ја прославува 200 годишницата од неговото раѓање на несекојдневен начин.
Домот на германскиот филозоф и влијателен комунистички мислител Карл Маркс, прославува 200 години од неговото раѓање – на семафори.
Авторот на „Манифест на Комунистичката партија“ роден е на 5 мај 1818 во Трир, во западна Германија, каде живеел до 17 години.
Во овој град кон почетокот на неделата се поставени семафори со ликот на Карл Маркс, кој ги менува боите.
„Три светла за Карл Маркс“, вели градоначалникот Волфрам Лејбе.
Нова низа на семафори ќе биде поставена во близина на родната куќа на Мркс, пренесуваат локалните медиуми.
Годишницата од раѓањето на Маркс предизвика полемики во Трир, откако градските власти минатата година прифатија бронзен споменик од филозофот како поклон од кинеските власти.
Овој споменик би требало да бие поставен во мај, но противниците велат дека славењето на Маркс ги фрла во сенка страдањата под конумунистичките режими во 20 век.