Иста крв, а различни резултати во различни лаборатории, граѓаните збунети
абораториските анализи на крвта се важни за дијагнозата на пациентите, но само кога се точни. Имено, многу граѓани се жалат на работата на лабораториите, воглавно приватните, за издавање неточни резултати при контрола на крвта. Еден граѓанин раскажал дека му се случило во текот на денот да направи анализа на крвта во две различни лаборатории и да добие различни резултати.
„За да го истражиме ова, нашата екипа го стори истото. Извадивме крв за анализа во две многу блиски лаборатории. Крвта беше на нашиот репортер во временска разлика од само неколку минути, но резултатите од лабораториите беа различни“, известува Алсат-М.
Почнувајќи од анализите на имунитетниот систем, ензимите, шеќерот и леукоцитите, сите имаа различни резултати. Лекарите кои го контактиравме беа збунети и не знаеја на која крвна слика да се потпрат за да состават дијагноза.
Од Државниот здравствен инспекторат велат дека зависи во какви услови биле направени анализите, во кој временски период биле направени, какви реагенси користел лаборантот и со какви средства биле направени.
Поради тоа, директорката на Државниот здравствен инспекторат, Ирена Бухова, најавува зголемени контролите низ приватните лаборатории. Ако се најдат неправилности, правните лица ќе се соочат со парични казни, но и опасност од затворање на лабораторијата.
A, освен тоа што добивме различни резултати од анализата на крвта, Алсат забележа дека за истите здравствени услуги лабораториите ни наплатија различни цени.