Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ, бранител на еден осомничените за настаните во Собранието на 27 април, познати како Крвавиот четврток, тврди дека обвинителството и судовите ги надминале сите рокови кога е во прашање предметот за овој случај.
Според него, рокот за поднесување на обвинителен акт против 36 осомничени наскоро истекува и обвинителството ќе мора да се изјасни што понатаму со овој предмет.
– За жал тоа е начинот на кој функционира судството веќе подолго време. Ние како бранители, а и осомничените некој пат дознаваме од средствата за јавно информирање, кои се поинформирани. Тоа го покажува односот на судството и почитување на законот и роковите. Ги пробија сите рокови, а се работи за најтешката мерка- вели Давидовиќ, кој е бранител на еден од обвинетите.