Скопје, 26 март 2018. Во Клубот на пратениците денеска ќе биде одржана првата јавна расправа за рестартирање и ревитализација на Музичката продукција на Македонската радио-телевизија.
На расправата се поканети голем број автори и музички продуценти, претставници од музичките здруженија, од МРТ, од Агенцијата за аудио и аудиовизулени медиумски услуги, Министерството за информатичко општетство, од Комисијата за култура при Собранието и други.