Марула, домати, јагоди… Од пазар се враќаме со ќеси полни отрови

Со првите денови на пролетта, пазарите ги преплави шаренило од бои. Меѓу увезеното овошје најмногу се истакнуваат јагодите, а многумина не знаат дека за астрономските (зимски) цени, купуваат и по некој килограм пестициди.

 

Имено, токму јагодите, како и останатото зрнесто овошје се најнатопени со опасни хемикалии.

Причини за тоа се две работи – рапавата површина што добро впива и на која пестицидите буквално се “лепат“, како и брзото расипување, поради кое почесто и посилно се третира со опасни отрови, со цел што подолго да изгледаат “здрави и свежи“. Со акцент на “изгледаат“.

Меѓу бројните хемикалии со кои се третира овошјето се и оние кои за организмот се “здрави“ колку и бојни отрови, поради што неретко по консумирањето доаѓа до проблеми во системот за варење.

Имено, пестицидите со кои се третира овошјето, освен што го спречуваат нивното скапување и развивање на мувла, (по што така “пластифицираното“ овошје со недели изгледа како да е сега набрано), обично се и отровни за да не го напаѓаат разни инсекти. Многу од тие хемикалии се и канцерогени.

Позитивното во оваа приказна е што со долготрајно миење во вода големо количество од нанесените пестициди можат да се “симнат“ од површината на овошјето.

Пестицидите најлесно се задржуваат на кората и заради тоа мора темелно да ја миете, но дури и на тој начин е невозможно целосно да ги отстраните.

Траги од пестицидите во самото овошје или во зеленчукот со термичка обработка веројатно ќе се разградат, зашто новите групи пестициди се многу термолабилни.

Истражувањата покажуваат дека пестицидите можат да се измијат со вода. Затоа се препорачува овошјето и зеленчукот да се мијат темелно, да се лупат или да се истријат со четка, или да се изгребат за да се отстрани горниот слој (како кога лупите моркови со нож).

Листа на 12 најотровни

1. Јаболка – од сите примероци кои биле земени за испитување, 99 отсто биле позитивни на пестициди; содржат дури и до 56 видови различни хемикалии.
2. Праски – дури 85,6 отсто различни видови праски на пазарот содржат два или повеќе видови пестициди, а 57 видови различни хемикалии.
3. Нектарини – секој примерок од увезените некатарини позитивен е на некој вид пестициди, а 90,8 отсто од нив содржи два или повеќе видови пестициди.
4. Јагоди – во нив се откриени 13 различни видови пестициди.
5. Грозје – на еден примерок пронајдени се дури 15 видови пестициди.
6. Целер – контаминиран е со 13 хемикалии.
7. Спанаќ – содржи различни комбинации пестициди.
8. Блага пиперка – речиси 69,4 отсто од тестираните пиперки содржеле повеќе видови пестициди.
9. Краставици – третирани се со дури 68 различни пестициди.
10. Шери домати – еден примерок од овие домати е загаден со дури 13 хемикалии.
11. Грашок – еден примерок е третиран со 13 видови хемиски средства.
12. Компир – компир со просечна тежина има повеќе пестициди од која било друга храна.

Егзотичните видови се најчисти

Од тестираните овошја и зеленчуци авокадото е најчисто. Само 1% од сите тестирани видови авокадо на пазарот покажало траги од отровни хемикалии.

Слично е и со другите егзотични овошја. Дури 89% испитани ананаси, 82% киви, 80% папаи, 88% манга и 61% дињи не покажале траги од пестциди. Ниту едно овошје или зеленчук од листата на 15 најчисти немало повеќе од четири видови пестициди.
Освен егзотичното овошје, чисти се зелката, боранијата, лукот, кромидот, аспарагусот, црниот патлиџан, карфиолот.

Треба да знаете
Последни објави