Незадоволство поради враќањето на Саздовски во СДСМ
Само еден член на Централниот одбор на СДСМ гласал против вклучувањето во ова тело на пратеникот Чедомир Саздовски.
Иако во кругови на СДСМ има незадоволство поради враќањето на Саздовски на голема врата во партијата, на синоќешната седница на партискиот ЦО, според извори од партијата, само двајца се побуниле за тој чин. Против кооптирање на Саздовски во ЦО на СДСМ гласала единствено Тања Томиќ, поранешна пратеничка од Кисела Вода. Незадоволство, според информациите, искажал и градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски, но тој нема право на глас во ЦО, бидејќи таму е член по функција.
Саздовски, пред да излезе од СДСМ, беше советник на партијата во Кисела Вода, како и претседател на општинската организација на СДСМ, а еднаш беше и кандидат за градоначалник на оваа скопска општина. Во 2014 година тој беше единствениот кандидат од листата на ГРОМ кој влезе во парламентот. Во 2016, пак, Саздовски беше избран за пратеник од лисата на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.
извор: Независен