Парични и затворски казни: Внимавајте при патување во Србија, кога сте зад воланот не смеете да имате капка алкохол во себе

Ако возач превезува дете во скут, ќе мора да плати од 100.000 до 120.000 динари или да одлежи затвор од најмалку 15 дена, а доколку детето е во скутот на совозачот, ќе биде казнет со 20.000-40.000 динари и до 30 дена затвор, предвидуваат измените во Законот за безбедност во сообраќајот кои ќе се применуваат од 1 април во Србија.

 

Во иднина возачите нема да смеаат да пивнат пред да седнат зад воланот во Србија – дозволеното количество алкохол во крвта е намалено до 0,3 на 0,2 промили. За надминување на границата казната изнесува 10.000-120.000 динари или затвор од 30 до 60 дена или општествено-корисна работа од 240 до 360 часа и 14 до 16 казнени поени и девет месеци забрана за управување со возило.

Истата казна е и за претекнување колона преку полна линија и за две или повеќе минувања на црвено за помалку од 10 минути. Казната за некористење појас е 10.000 динари, а толку е и за користење телефон во текот на возењето.

Претекнувањето бавни возила: велосипеди, трактори, машини, мотокултиватори и запрежни коли преку полна линија повеќе не се смета за прекршок.

Треба да знаете
Последни објави