Пијан маж одбивал лекарска помош, го пронашле мртов пред болницата во Кавадарци
Четириесет и осум годишниот Ј.М. од Кавадарци починал пред Јавната здравствена установа во градот откако претходно обивал лекарска помош.
На 25-ти месецов во 01.10 часот во Полициската станица Кавадарци, од Јавната здравствена установа Кавадарци било пријавено дека пред влезот на установата имало непознато лице во алкохолизирана состојба, кое ги навредувало и одбивало да му се пружи лекарска помош. Околу 01.10 часот кога излегле да видат што се случува со него, забележале дека лицето лежи на земјата без знаци на живот, информираат од МВР.
По извршени проверки констатирано е дека се работи за Ј.М. (48) од Кавадарци.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.