Поради врнежи од снег, воведена е забрана за камиони на Стража и патот Маврово-Дебар
Поради врнежи од снег, од 08:50 часот воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража и на патниот правец Маврово – Дебар, информира АМСМ.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без забрани по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Маврово и Попова Шапка.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.