„Не сега, драга“, од Реј Куни, а во режија на Коле Ангеловски ќе биде одиграна на 27 март -Светскиот ден на театарот, а истовремено и шестиот роденден на Театар Комедија.
Комедијата „Не сега драга“ (од современиот англиски автор и актер Реј Куни) е комедија на забуни, смешни ситуации и интересни карактери. Дејството се одвива во хотел, за време на едно пролетно попладне.
Приказната е за еден парламентарец од Куманово кој доаѓа во Скопје на состанок во Собранието, се сместува во хотел и има закажано љубовен состанок со секретарката на Претседателот. Меѓутоа, со пратеникот доаѓа и неговата сопруга и тука почнува „хаосот”…
Во претставата играат: Атанас Атанасовски, Жаклина Петровска, Валентин Костадиновски – Тино, Ева Скендеровска, Дарко Вељиќ, Едмонд Сотир, Кристина Ласовска, Жарко Димоски и Тања Мицков.
Драматург на претставата е Дарко Јан Спасов, Сценограф Илина Ангеловска, а костимограф Раде Василев.