Поединечни луѓе едноставно не сакаат теретана, па наместо тоа бираат различни начини да загубат вишок на килограми и да останат во форма.
Ако и вие сте таков топ, и барате ефикасни вежби за да го обликувате вашето тело, тогаш посветете внимание на некоја од овие алтернативи.
Возење со велосипед
Оваа вежба е одлична за сите оние кои не сакаат теретана. Овој кардио тренинг ја зголемува енергијата, а можат да го изведуваат и оние кои имаат проблеми со зглобовите.
Танц
Ако сакате да го загубите вишокот на килограми, но не сакате редовно да посетувате теретана, тогаш запишете се на часови по салса или некој друг брз танц. Преку салса можете да согорите и до 600 калории по час, а овој танц можете да го играте и со партнер, што го прави овој тренинг идеален за парови.
Одење
Одењето помага при ослободување од вишокот на килограми, а нема да имате чувство дека сте вежбале напорно. Одредете си некоја оддалеченост, облечете удобни патики и тргнете во прошетка. Почнете со мали релации, а потоа постепено зголемувајте ги.
Јога
Јогата е одличен начин на вежбање за сите оние кои не сакаат теретана. Ќе ви помогне да го подобрите дишењето, да ги издолжите мускулите, да го обликувате вашето тело и ќе направи да се чувствувате совршено. Постојат многу видови на јога, а за почеток одберете некои поедноставни вежби. Подоцна можете да ги правите оние со кои ќе развиете флексибилност и ќе ја зголемите сопствената сила.
Хулахоп и прескокнување јаже
Овој пластичен обрч ќе ги обликува мускулите на стомакот, нозете и рацете, а согорува до 200 калории за само половина час. И покрај тоа што не се чини како напорен тренинг, прескокнувањето јаже може да направи „чуда“ за вашето тело.
Спортови со топка
Тимските спортови се многу забавни, посебно кога се играат со пријатели. Играјќи фудбал, кошарка или одбојка, не само што ќе ги затегнете мускулите, туку и убаво ќе си поминете.