На 25.03.2018 година во 15.05 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, во близина на с.Војник, дошло до судир помеѓу патничко возило „Алфа Ромео“ со скопски регистарскиознаки, управувано од Н.С. (27) од с.Марино, скопско и товарновозило „Сканиа“ со скопски регистарски ознаки со полуприколка,управувано од Д.А. (43) од с.Волково, скопско.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Н.С. којшто бил пренесен во Ургентенцентар Куманово, каде им подлегнал на повредите. Д.А. и сопатникот од товарното возило Ј.Д. (42) од с.Волково биле пренесени во болницата во Куманово и биле задржани на лекување. Кај Д.А. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај Ј.Д. телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.