
Спасувачките служби ја продолжуваат потрагата по исчезнатите во трговскиот центар Кемерово, во кој вчера избил голем пожар.
Потврдена е смртта на 53 лица, а меѓу жртвите има и 11 деца.
Во пожарот биле повредени 48 луѓе, а 12 од нив биле задржани во болница на лечење.

Се стравува дека во пожарот настрадало речиси цело одделение од основно училиште. Осум деца со наставничката биле на посета во Кемерово, а во трговскиот центар гледале цртан филм. Некои локални медиуми наведуваат дека наставничката го обиколувала трговскиот центар додека децата го гледале филмот сами.

Точната причина за пожарот не е позната. Според една верзија на настаните, огнот избил во детската игротека, откако некое дете запалило запалка и така предизвикало пожар.

Другата верзија вели дека дошло до краток спој на електричната инсталација во игротеката.

Големиот пожар кој избил вчера бил ставен под контрола по 12 часот. Изгореле речиси 1.600 квадратни метри.



