Вучиќ: Терористите сакаа да покажат моќ и поддршка на Западот
Терористи облечени во полициски униформи на специјалните единици на непостоечката држава Косово сакаа да покажат дека можат да го заземат северот на Косово, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.
Како што изјави, тоа го направиле со поддршка на Еулекс и “на две возила на единицата РОС, биле две возила на Еулекс“.
Вучиќ во текот на обраќањето пред медиумите после апсењето на Марко Ѓуриќ во Косовска Митровица изјави дека Србија ги “почитувала сите меѓународни акти“ и дека навремено ја известила Приштина за намерата српски официјални претставници да заминат на Косово.
Вучиќ изјави дека се слушнал со Марко Ѓуриќ, кој ќе биде примен во некои медицински установи бидејќи “имал одредени проблеми“.
Според неговите зборови, Канцеларијата За КиМ, 75 часа пред случувањата во Митровица ги известила надлежните органи на Косово дека Ѓуриќ ќе го посети Косово.
„Притоа, според договорот за официјални посети, 72 часа претходно е потребно доколку јас одам на Косово….За Марко Ѓуриќ потребни се 24 часа“ – изјави Вучиќ.
Вучиќ истакна дека не станува збор за “барање дозвола, туку известување“.
За инцијативата на Српската листа да ја напушти косовската влада изјави дека “нема да одлучува наместо нив“ и дека тоа го остава на нив, но треба да одлучат со ладни глави.