Заев до сведокот: Зошто се обидуваш да ме наместиш? Со месеци и години се обидуваш да ме наместиш?

Заев до сведокот: Зошто се обидуваш да ме наместиш? Со месеци и години се обидуваш да ме наместиш?

Заев го праша и дали е точно дека од 2008 до 2013 се воделе истраги против него, па сега неговото сведочење е поврзано со истрагите? Николов потврди дека имало истраги, ама како што кажа биле отфрлени.

„Иво, зошто ме местиш“, го праша Зоран Заев сведокот во „Поткуп“ на денешното рочиште во кривичниот суд во Скопје. Премиерот Заев, кој е обвинет во случајот „Поткуп,“ повеќе од половина час го испрашуваше во судницата сведокот Иван Николов Сачевалиев. На прашањето дали кога претходно поднел барање за легализација на цистерна му бил побаран поткуп, сведокот одговори дека за тој случај не му бил баран поткуп.

Заев рече денот кога ги објавувал бомбите во Универзалната сала, тој му се јавил на сведокот и му рекол: „Иво, како не ти е срам? Со месеци и години се обидуваш да ме наместиш? Имаш внуци и никогаш си немал ни еден проблем од мене? Зошто се обидуваш да ме наместиш?”, рече Заев за снимката во неговиот кабинет.

Сведокот на прашањето на Заев рече дека не разговарале за градежните материјали, донација за црквата. Адвокатите прашаа, а сведокот одговори дека против него била отворена истрага. На прашањето дали таа била истрага била затворена истата година кога го пријавил случајот со поткупот во МВР, сведокот не можеше точно да се сети, но рече дека најверојатно станува збор за 2011 година, а не 2013 година кога пријавил поткуп.

 

Треба да знаете
Последни објави