Четврта кривична пријава за Владимир Талевски – осомничен за злоупотреба на 730 илјади евра
Битолската полиција ги сомничи поранешниот градоначалник на Општина Битола, Владимир Талески и тројца негови блиски соработници од локалната самоуправа дека овозможиле на две фирми противправно да стекнат имотна корист во висина од скор 730.000 евра.
Во кривичната пријава што ја поднесе полицијата, Талески како првопријавен е осомничен дека ги злоупотребил службената положба и овластување при набавка на екстра лесно масло за греење во 2012 и во 2016 година.
И во двата случаи, без да потпише анекс на договор, Талески дозволил да се набави масло за греење од две различни правни лица.
Второ, трето и четвртопријавените според полицијата, во 2012 година како членови на комисијата за јавни набавки при Општина Битола, постапиле несовесно и дозволиле Талески да потпише договор за набавка на масло за греење со фирма која немала лиценца од Регулаторна комисија за за трговија со нафта и нафтени деривати.
Ова е четврта кривична пријава против поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески. Органите на прогонот го товарат за злоупотреба на службената положба или несовесно работење во случаите Транспортер 1 и 2 и во случајот Офицерски дом.