ФИФА е пред сериозен избор во врска со кандидатурата за организатор за Светското првенство кое ќе се игра 2026 година.
До 26 март, кој беше определен како краен период за поднесување апликација за кандидатура за организација на Мундијалот, до Комисијата стигнале две апликации: три држави со една апликација – САД, Мексико и Канада и втора апликација – Мароко.
Комисијата ќе има време до 13 јуни да го соопшти домаќинот на еден ден пред почетокот на Светското првенство во Русија, односно на Конгресот организиран од страна на ФИФА.
Апликацијата на САД, Канада и Мексико е со предложени 23 градови домаќини од кои 16 градови се во САД, четири града се во Канада и три града во Мексико, од кои просекот на седишта на стадионите изнесува околу 55 илјади луѓе.
Во апликацијата на Мароко предложени се 12 стадиони, каде 5 стадиони ќе бидат новоизградени а меѓу нив би бил и најголемиот новоизграден стадион „Казабланка“ со бројка од 90 илјади седишта.