Севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун ветил денуклеаризација и средбат со американските функционери, соопшти Кина во средата по историскиот состанок со претседател Кси Џинпинг, кој рече дека Пекинг и натаму одржува пријателство со изолираната соседна земја.
По два дена нагаѓања, Кина и Северна Кореја потврдија дека Ким Џонг-ун бил во делегацијата којашто го посети Пекинг и се сретнал со Кси Џинпинг во текот, како што соопшти кинеското министерство за надворешни работи, неофицијалната посета на Кина од неделата до средата.
Посетата на Кина е првото патување на Ким во странство откако ја презема власта во 2011 година, а аналитичарите веруваат дека ќе му послужи за самитите со Јужна Кореја и со САД.
Севернокорејската службена новинка агенција KCNA не го споменува ветувањето на Ким за денуклеаризација, ниту предвидениот состаник со американскиот претседател Доналд Трамп кој треба да се одржи до крајот на мај.
Пекинг е традиционално најблискиот сојузник на Северна Кореја, но тие врски се нарушени поради нуклеарните амбиции на Пјонгјанг и кинеската поддршка на острите санкции од ОН како одговор на тоа.
Кинеското министерство за надворешни работи ја пренесува изјавата на Ким кој му кажал на Кси дека ситуацијата на Корејскиот полуостров почнува да се подобрува, бидејќи Северна Кореја преземала иницијативата и изнела предлози за мировни преговори.
„Нашиот доследен став е предаденоста за денуклеаризација на полуостровот со желба за покојниот претседател Ким Ил-сунг и покојниот Ким Џонг-ил“, рекол Кин Џонг-ун. Северна Кореја е расположена да разговара со САД и одржи самитот на двете земји.
„Прашањето на денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров може да се реши доколку Јужна Кореја и САД одговорат со добра волја на нашите напори, создадат атмосфера на мирот и стабилноста истовремено преземајќи постепени и усогласени мерки за остварување на мирот“, рекол челникот на Северна Кореја.
Кинескиот државен весник на англиски јазик The Global Times го пофали состаникот известувајќи дека тој покажал дека се погрешни песимистичките наводи за односите меѓу Пекинг и Пјонгјанг.
„Пријателските односи Кина и Северна Кореја му даваат позитивна сила на целиот регион и ја промовираат стратешата стабилност во североистична Азија“, наведува весникот во уредничкиот воведник.
Пекинг го брифирал Трамп за посетата на Ким и таа комуникацијата вклучувала лична порака од Кси до американскиот претседател, соопшти Белата куќа.