Адвокатот на порно актерката Сторми Даниелс, која тврди дека имала сексуални односи со Доналд Трамп пред 12 години, поднесе барање за тој да сведочи под заклетва.
Адвокатот Мајкл Авенати поднесе барање до федералниот суд во Калифорнија.
Во документите, тој бара сведочење на Трамп и неговиот адвокат Мајкл Коен, околу сумата од 130.000 долари која и била исплатена на Сторми Даниелс, воочи изборите во 2016 година, за да молчи околу својот наводен сексуален однос со Трамп.
Авенати изјави дека сака да ги испрашува двајцата „не повеќе од два часа“.
Во барањето стои дека сведочењето е потребно за да се заклучи дали Трамп знаел за исплатата и дали тој го прифатил тоа.
Коен рече дека платил 130.000 долари од свој џеб, иако тврди и дека Трамп никогаш немал сексуален однос со оваа порно актерка.
Претседателите на САД ретко сведочат под заклетва. Последен кој тоа го стори беше Бил Клинтон во 1998 година, при судењето поради сексуално вознемирување.
Сторми Даниелс поднесе обвинение за поништување на договорот околу доверливост, со образложение дека „договорот за молк“ од 28 октомври 2016 година е правно неважечки, бидејќи го потпишале само Клифорд и Коен, а не и самиот Трамп.
Исплатата од 130.000 долари е контроверзна, поради тоа што е направена за време на предизборната кампања, кога постојат строги ограничувања за трошење на пари, кога станува збор за кандидатите.