Познато е дека Герет Бејл во последно време има големи проблеми со повредите, а се чини дека селекторот на велшката репрезентација, Рајан Гигс има решение за неговиот проблем.
Гигс му порача на Бејл дека треба да ги продаде сите свои спортски автомобили и да си купи Range Rover и да го вози тој автомобил неколку години.
„Сите знаат колку голема љубов имав кон автомобилите и ги менував секој втор месец. Меѓутоа, тогаш разговарав со експерти кои што ми рекоа дека е подобро да возам еден автомобил затоа што така ќе ми бидат помали шансите за повреда и истегнување. Секој автомобил има поинаква положба на седиштето и педалите, а тоа е проблем. Кога го направив тоа, проблемите исчезнаа. Се надевам дека Бејл ќе ме послуша“, изјави Рајан Гигс.