Ибрахимовиќ во Лос Анџелес ќе заработува „само“ 1,1 милион евра годишно

Златан Ибрахимовиќ од неодамна донесе одлука да ја продолжи кариерата во Лос Анџелес Галакси, а американскиот клуб објави колку тој ќе заработува.

 

Во однос на тоа дека информациите околу платите во американските спортови се јавно достапни, Галакси објави дека годишната плата на Златан ќе изнесува 1,4 милиони американски долари, односно 1,1 милион евра.

Клубовите во МЛС лигата имаат ограничување на платата во вкупен износ од 3,2 милиони евра, но имаат право да ја надминат таа сума, одбирајќи три играчи кои имаат специјален статус.

Најголема плата меѓу таквите играчи прима Себастиан Џовинко, кој во Торонто годишно заработува 5.780.251 евро.

Но, бидејќи Галакси веќе има такви договори со тројца играчи, на Ибрахимовиќ му е понуден „обичен договор“.

Во однос на тоа дека во Манчестер Јунајтед заработуваше 22 милиони евра годишно, јасно е дека финансиските мотиви не биле пресудни во донесувањето на неговата одлука.

„После Европа, освојување на 33 титули, играње во најдобрите светски клубови и со најдобрите светски играчи, сакав да дојдам и да играм во САД. Сакам луѓето да уживаат во моите игри и победи и поради тоа го одбрав Галакси“, изјави Ибрахимовиќ.

Славниот Ибра имаше прилика како Тевез и многу други да замине во Кина, каде што сигурно би заработувал многу повеќе пари во однос на оние кои ги има заработено во досегашната кариера, но тој сепак се одлучи за трансфер во Америка.

Треба да знаете
Последни објави