Лице со посебни потреби исчезна од Домот за рехабилитација на деца и младинци
Дваесет и петгодишен штитеник со посебни потреби вчера исчезнал од Домот за рехабилитација на деца и младинци од Скопје.
Случајот во полиција вчера го пријавил воспитувач од Домот кој изјавил дека штитеникот Д.Б. исчезнал истиот ден околу 18 часот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.