Мисовски го прекина Заев среде говор – тој се повлече на своето место
Потпретседателот на парламентот, Горан Мисовски, го прекина премиерот Зоран Заев додека тој одговараше на прашање од пратеникот Амди Бајрам за лековите.
-На тоа прашање одговори министерот за здравство и пратеникот рече дека е задоволен од одговорот. Извенете, но не смееме да го кршиме Деловникот, му порача тој, а Заев се повлече на своето место.