Напад врз знамето на Турција во Тетово, реакција од турската заедница
Реакциите дојдоа откако беше објвена видео снимка на социјалната мрежа Фејсбук вчера, во која се гледа нападот врз знамето на Турција
Турската заедница во Македонија реагираше по нападот врз знамето на Турција во Тетово.
Реакциите дојдоа откако беше објвена видео снимка на социјалната мрежа Фејсбук вчера, во која се гледа нападот врз знамето на Турција.
Преку писмено соопштение, Партијата за Движење на Турците во Македонија (ТХП) го осуди нападот, сметајќи го за напад врз културата на коегзистетнцијата во Македонија.
„Ги повикуваме сите граѓани на нашата земја, а особено партиските тела, да се оддалечат од провокативни однесувања”, се вели во реакцијата од ТХП.
Движењето за национално единство на Турците во Македонија (ТМБХ) го опиша нападот како непочитување кон Република Турција и турскиот народ, и побара лицето кое го извршило нападот да ја добие заслужената казна што е можно поскоро.
„Сугерираме до турската заедница во Република Македонија да не подлегне на овие провокации и да ги информира безбедносните органи за вакви случаи”, се вели во писмено соопштение од ТМБХ.
Нападот исто така беше осуден и од страна на Демократската партија на Турците (ТДП), која го нарече нападот како недостиг на почит и напад врз пријателството помеѓу Турците и Албанците.
„Ова беше непочитување кон пријателството меѓу Турците и Албанците, кои со векови живееле и ќе продолжат да живеат заедно”, велат од ТДП, додавајќи дека тие нема да станат дел од провокациите.
Од друга страна, Сојузот на турски невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ) соопшти дека ваквите напади не можат да им наштетат на добрите албанско-турски односи.
„Имаме целосна доверба дека овие провокативни напади врз националните вредности нема да успеат да ги загрозат братските албанско-турски односи кои траат со векови”, се вели во соопштението од МАТУСИТЕБ.
Од МАТУСИТЕБ исто така велат дека очекуваат лицето кое го извршило нападот врз знамето на Турција да биде фатено од надлежните и да ја добие заслужената казна.