Недостигот на сон резултира со зголемен притсок, дебелеење и шизофренија

Недостигот на сон резултира со зголемен притсок, дебелеење и шизофренија

На повеќето возрасни им е потребно меѓу шест и девет часови ноќен сон за да бидат во најдобра форма.

Колку спиење некому е потребно зависи од генетиката, а тоа значи дека на некои им е потребно помалку лежење, додека други постојано го замолкнуваат алармот.

Еден од поголемите проблеми со премалку спиење е пад на конгнитивната способност; нашиот мозок едноставно не функционира како што треба без сон. Се мачиме со меморијата, учењето, планирањето и размислувањето.

Недостигот од сон може да има штетни последици врз нашата физичка и ментална форма, почнувајќи од иритации и слабо расположение, па се до зголемен ризик од срцеви болести и поголема веројатност за предизвикување сообраќајни несреќи. Недостигот од сон не само што ве прави уморен, туку може да создаде и невидени опасни ефекти.

Еве шест вообичаени опасности од недоволно спиење:

Погрешно просудување

Недоволно спиење влијае на вашата визуелна работна меморија, со што станува тешко да се прави разлика меѓу релеватни и нерелевантни стимули во вашата околина и тоа влијае врз вашата емоционална интелигенција, однесувањето и способноста за менаџирање на стресот.

Повишен крвен притисок

Малку спиење може да го подигне крвниот притисок, а на долг рок тоа е поврзано со зголемен ризик од болести, како што се коронарни срцеви болести и мозочен удар. Оваа опасност е поизразена кај луѓе кои имаат ноќна апнеа.

Повеќе сообраќајни несреќи

Се проценува дека во САД годишно 100.000 собраќајни несреќи се резултат на малаксаност на возачите, а повеќе од една третина од нив признале дека заспале зад воланот.

Зголемена телесна тежина

Недостиг од сон влијае на нивото на хормони кои учествуваат во регулирањето на апетитот. Нивоата од лептин (хормонот кој кажува колку наталожени маснотии имате) опаѓаат, а нивоата на хормонот на гладта, грелин, растат.

Халуцинации

Штетноста од недоволно спиење може да доведе до халуцинации; гледање на нешта кои вистински не постојат. Во ретки случаи, тоа може да доведе до привремени психози или симптоми кои потсетуваат на параноидна шизофренија.

Треба да знаете
Последни објави