Шчербак: Македонија ќе згреши со влезот во НАТО, вонземјани ли ќе ја нападнат?
Рускиот амбасадор во Скопје Олег Шчербак вели дека можното влегување на Македонија во НАТО ќе биде погрешна одлука од повеќе аспекти.
– „Влегувањето во НАТО ќе го ограничи суверенитетот на Македонија и не е никаква гаранција за просперитетот и за територијалниот интегритет на државата, ниту ќе добие нешто од безбедносен аспект, а ќе мора да учествува во сите антируски акции. Ако НАТО изврши агресија врз Русија, во тој случај, и Македонија ќе биде изложена на возвратен удар. Македонија е опкружена со земји-членки на НАТО, па кој би можел да ја нападне, самото НАТО или вонземјани, можеби?“, изјави Шчербак на денешната прес-конференција, пренесе Сакам да кажам.