Зиадин Села се сретна со амбасадорот на Италија
Претседателот на Алијансата за Албанците, г. Зиадин Села денеска оствари средба со амбасадорот на Италија во Македонија, Карло Ромео. Зиадин Села го информираше амбасадорот на Италија за најновите политички случувања во земјата. Села, исто така, го информираше амбасадорот Ромео за усвојувањето на Законот за албански јазик во Собранието, како и можностите за влегување во сила, како и неопходното негово спроведување во пракса како важен елемент за демократизацијата на државата и нејзиното мултиетничко општество.
Друга тема на дискусија од страна на претседателот Села исто така беа неговите забелешки околу владината коалиција СДСМ-ДУИ, како и за динамиката на реформите особено во правдата, реформи овие кои не се во согласност со очекувањата на граѓаните на Македонија.
Алијансата за Албанците е и секогаш ќе биде подготвена да помага за членството на Македонија во ЕУ и НАТО, истакна претседателот на Алијансата. Во овој контекст, Села побара поддршка од италијанскиот амбасадор како многу важна земја во ЕУ и НАТО, Италија да й помогне на Македонија да пристапи кон евроатланските структури што е можно поскоро.