Како што пренесуваат англиските медиуми, од таборот на Челси наводно им понудиле интересна размена на фудбалери на мадридски Реал.
Познато е дека од „Кралскиот клуб“ веќе подолго време се интересираат за услугите на Еден Азар, а трансферот на Белгиецот во Реал Мадрид би можел да се реализира веќе идното лето. Наводно од управата на Челси биле запознаени со фактот дека Азар сака да го напушти нивниот клуб, па сакаат да го искористат тоа најдобро што можат.
Наводно од Челси планираат да го испратат Азар во Реал, но во замена за Герет Бејл и уште 100 милиони евра во кеш. Сепак, оваа цена се чини дека е преголема во овој момент. Од мадридскиот клуб наводно биле подготвени да се ослободат од Велшанецот, но не по секоја цена.
Англиските медиуми тврдат дека сепак ваквата размена изгледа реално затоа што Азар сакал да се пресели во Реал Мадрид, а Герет Бејл не би имал ништо против враќање во Премиер лигата, па останува да видиме дали двата клубови ќе се договорат на лето.