Дебата за состојбите и предизвиците во градежниот сектор
„Стратешко планирање за стабилен градежен сектор“ е темата на денешната дебата во организација на Градежната комора на Македонија при Сојузот на стопански комори на Македонија.
Ќе се дискутира за актуелната состојба во градежниот сектор, законската регулатива, како и за предизвиците со кои се соочуваат компаниите во секојдневното работење.
На дебатата со претставници на компании од Градежната комора е најавено учество на министерот за транспорт и врски Горан Сугарски и претседателот на Градежната комора на Макединија при ССК Ивица Јакимовски.