Параден концерт на градскиот дувачки оркестар низ Скопје

Градскиот дувачки оркестар в сабота, 31 март, со почеток во 11 часот, ќе одржи променаден концерт со познатите таканаречени „Чекорници“.

 

Музичарите ќе тргнат од пред Музеј на град Скопје кон улица „Македонија“ и ќе се движат до плоштадот „Македонија”.

Градскиот дувачки оркестар е составен од членови, главно професионални музичари, како и студенти на Факултетот за Музичка уметност во Скопје. Досега, има настапувано на речиси сите значајни манифестации, државни празници, најразлични настани, давајќи им свечана нота на истите. На репертоарот на оркестарот се наоѓаат дела на Добсшески, Милер, Харисон, Макартни, Леј, Моцарт, Андерсон, Манквина, Верди, Штраус, Ленон…

Треба да знаете
Последни објави