Скопје, 30 март 2318. Затвореник од Казнено-поправната установа „Затвор Куманово“ се обидел да се самоубие нанесувајќи си убодна рана во пределот на стомакот и во пределот на задната лева страна од вратот.
Министерството за внатрешни работи информира дека вчера попладне во 16,30 часот телефонски во Секторот за внатрешни работи Куманово, Б.П. надзорник од Казнено-поправната установа “Затвор Куманово“ во село Кшиње пријавил дека во затореникот А.И. (22) од Свети Николе, се обидел да се самоубие на начин што во тоалетот, што се наоѓал позади кујната на затворот, со нож си нанел убодна рана во пределот на стомакот и рана во пределот на задната лева страна од вратот.
Истиот бил префрлен во одделение за Трауматологија во Комплексот Клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, каде бил задржан на понатамошно лекување