Охрид, циклонот Алексеј почна да прави проблеми
Циклонот Алексеј започна да создава проблеми за Охриѓани. Силните ветришта го разбрануваат езерото , а жителите стравуваат дека состојбата може да се влоши во ноќните часови.
Пред две недели, еден друг циклон, донесе огромни бранови во охридкиот регион, а бројни објекти и летни тераси беа целосно поплавени, некои и уништени.