Фудбалерите на Рома во четврт-финалето од Лигата на шампионите ќе се судрат со екипата на Барселона.
Рома немаше премногу среќа во ждрепката со оглед на тоа што Римјаните за противник го добија еден од најголемите кандидати за титулата, но сепак од екипата на Ди Франческо порачаа дека нема да се предадат.
„Се трудевме цела сезона за да дочекаме вакви натпревари, па ќе бидеме подготвени и фокусирани. Знаеме против кого играме. Штета што е повреден Ундер, се надевам дека ништо не е сериозно со Наинголан“, изјави Един Џеко и додаде:
„Ќе дадеме се од себе. Првиот натпревар е многу важен затоа што на „Камп Ноу“ Барселона може лесно на секоја екипа да ѝ даде пет гола“, изјави Един Џеко.