Кина воведува такса на месо, овошје и други производи од САД како одговор на американските даноци за челик и алуминиум што ги воведе претседателот Доналд Трамп.
Царините, според Министерството за трговија на Кина, ќе се применуваат од денеска. За свинското месо од САД таксата ќе биде 25 проценти, додека за другите производи и услуги, вклучувајќи овошје, таа ќе изнесува 15 проценти.