Фудбалерите на Челси веројатно ќе останат без пласман во Лигата на шампионите – избраниците на Конте заостануваат осум бода зад Тотенхем во борбата за четвртото место.
Според зборовите на некогашниот фудбалер на Челси и соиграч на Конте во Јувентус, Џанлука Вијали, Конте едвај чека да го напушти клубот.
„Конте едвај чека да го напушти Челси. Не може да го поднесе фактот дека купуват и продаваат играчи без да се консултираат со него. Точно е дека Челси сака менаџер кој што работи според упатствата на управата“, изјави Вијали и додаде:
„Ако ја превземе италијанската репрезентација или ПСЖ, ќе се врати на победничките тимови и ќе освојува титули. Потоа ќе се тепаат другите клубови за неговите услуги“, изјави Вијали.