Лондон, 2 април 2018. Шпанскиот тенисер Рафаел Надал од денеска повторно е на првото место на АТП ранг листата.
Надал и покрај тоа што не настапи на Мастерсот во Мајами, успеа да го престигне Роџер Федерер кој падна на втората позиција, како резултат на раната елиминација на Мастерсот на Флорида.
Голем скок направи победникот на Мајами, Џон Изнер кој се проби на 9.место.
Пласман на првите десет тенисери на најновата АТП ранг листа објавена денеска:
1. Рафаел Надал (Шпанија) 8.770 поени
2. Роџер Федерер (Швајцарија) 8.670
3. Марин Чилиќ (Хрватска) 4.985
4. Григор Димитров (Бугарија) 4.635
5. Александар Зверев (Германија) 4.925
6. Хуан Мартин дел Потро (Аргентина) 4.470
7. Доминик Тим (Австрија) 3.665
8. Кевин Андерсон (Јужна Африка) 3.390
9. Џејсон Изнер (САД) 3.125
10. Давид Гофан (Белгија) 3.110.