Група хакери украла од клиенти на американски продавници податоци за пет милиони кредитни и дебитни картички и дел од информациите понудила на продажба на црниот пазар, соопшти компанијата „Gemini Advisory“, специјализирана во областа на компјутерската безбедност.
Според експертите за кибернетичка безбедност, за овој компјутерски криминал стои хакерската група JokerStash, која неодамна го објави хакирањето и стави а продажба информации за 125 илјади кредитни картички.
„Во соработка со неколку финансиски институции, потврдивме со голем степен на увереност, дека записите биле украдени од клиентите на продавниците Saks Fifth Avenue и Lord & Taylor од мај 2017 година по до денес“, се наведува во соопштението на компанијата.
Најголем дел од засегнатите клиенти на продавниците, коишто се дел од продажната структура на канадскиот концерн „ Hudson’s Bay Co“, живеат во американските сојузни држави Њујорк и Њу Џерси.
Од „Gemini Advisory“ потсетуваат дека хакерите од споменатата група ги пробија податоците на потрошувачите на неколку синџири продавници „Whole Foods“, „Chipotle“, „Omni Hotels & Resorts“, како и синџирот хотели „Trump Hotels“, своевремено основата од актуелниот претседател на САД.
„Споменатиот хакерски напад е еден од најголемите и најдеструктивен, кој некогаш ги погодил трговските компании“, констатираат експертите.